Отсутниот Грујо ќе го урне присутниот Заев?

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Орданоски за ЦивилМедиа:

-Фактот што поминуваат пет дена без официјален јавен извештај за фактичките околности околу бегството на Никола Груевски од земјава, мене ми говори за тоа дека или се работи за целосна неспособност  на надлежните служби за реконструкција на тие настани; или за целосно неснаоѓање во менаџирањето на односите со јавноста во врска со тие околности; или за тоа дека власта, на некаков начин, е вмешана во неговото бегство, односно некој некого се обидува да го „намести“ за тоа. Можна е и некоја комбинација од овие три можности.

Првото правило во секој прирачник за менаџирање на кризи – а оваа се заканува да ги загрози виталните функции за натамошниот кредибилитет на оваа власт – е дека, во која било криза (од уривање на авион, преку драма на берзите, до љубовна афера или атентат врз претседател!), најитно мора да се востанови ФАКТИЧКАТА ситуација (дури и без разлика дали сликата од настаните е целосна). Потоа, таа фактичка ситуација што побрзо и транспарентно треба да се соопшти во јавноста (тоа се нарекува: контрола на јавниот наратив), за да се пресретнат дополнителните штети што неинфомираната и љубопитна јавност ќе ги прави во однос на кризата, низ шпекулации, озборувања, спинови, но и дезинформации, ширење лаги и разни пропаганди, што само ја усложнува целата состојба за одговорните кои треба да ја менаџираат таа криза.

Тоа оваа власт, фрапантно, не го прави. Со секој изминат час, се зголемува бројот на оние кои мислат дека Заев се договорил со Груевски непречено да побегне од земјата. Власта како да не разбира дека кога, на твоја сметка, ќе ти направат стотици заебанции по социјалните мрежи, ништо не може да биде исто како пред тоа. Прашајте го Грујо (на фејсбук, додуше), така падна тој после десетина години цврста автократија, а не па овие ветрушки од СДСМ што да паднат од чамец среде езеро, ни водата не би ја погодиле.

Колумната на Сашо Ордановски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e