Не смее да има табу теми за разговор

Не смее да има табу теми за разговор.
Што повеќе се зборува толку повеќе шанси има да ги откриеме корените на проблемите и да изнајдеме најсоодветни решенија за најголем број луѓе.
Луѓето во Македонија треба да научат да зборуваат за секоја тема. Само на тој начин ќе обезбедиме навистина индивидуите да станат основа на заедницата, а човековите права ќе добијат смисла и значење.
Забраната за нешто да се дискутира е забрана да се искаже мислење, да се слушне мислење, да се открие проблем и да се реши проблем.
Има прифатливи и неприфатливи ставови и мислења, има различни перспективи и перцепции, има различни идеи и разбирања. Ајде да ги слушнеме.
Само во времето на ДПМНЕ законите се менуваа како резултат на едно искажано мислење.
Време е да влеземе во водите на демократијата кога луѓето ќе бидат стимулирани да кажат што мислат за да може што е можно полесно да се утврдат фактите врз основа на кои се менуваат легалните решенија.
Ајде да зборуваме и да им дадеме шанси и на другите да зборуваат. За се.

Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e