Не се чувствувам сигурен затоа што истите луѓе кои ме малтретираа се пак на истите позиции

Нема правда нема мир! Сите што излагаа на протести на Шарената Револуција. Сите што се бореа изминативе 11 години, се бореа за промени, за слобода. Ова не беа обични избори. Ова беше да се биде или не. И ние граѓаните така и ја сфативме оваа борба.

282027_1890550431587_7870936_n

Ризикувавме доаѓајќи на протести да бидеме избркани од работа. Затоа што ни се закануваа секојдневно. Ризикувавме одејќи на блокади, на раскрсници со свои возила. Ризкувавме со секој напишан збор против режимот и осеќавме од ден на ден се поголеми малтретирања, реални директни закани. Ми мафтаа пред нос со разни решениа, закани кои доаѓаа од луѓе кои навистина можат тоа и да го направат. И не попуштивме. Одевме до крај…Срушивме режим, дојде толку посакуваната слобода. Сега кога се е готово јас не се чувствувам слободен, не се чувствувам сигурен затоа што истите луѓе кои ме малтретираа се пак на истите позиции. За што се борев?!

Јас не сакам воопшто да навлегувам во тоа колку се тие стручни да ја вршат функцијата на која ПАРТИСКИ биле поставени. Пред него имало друг на таа позиција кој бил можеби подобар од него, можеби ист како него ама на нив не им било гајле, битно не бил нивни, го смениле и поставиле дпмне послушник. Ние не сме како нив, нормално дека не сме. Ама мора работите да ги доведеме на почетна позиција за трката да биде рамноправна. Мора сите директори, шефови, команданти, командири, началници…кои биле партиски унапредени да се вратат, не од каде што ги унапредиле, туку две скали подоле, за трката да биде рамноправна. Две скали подоле затоа што тие за тоа време се стекнале со искуство кое е пресудно во било која професија, се збогатиле затоа што краделе, оствариле познанства кои им користат во приватниот бизнис…

Не, не сме исти. Ние само бараме одговорност, бараме лоповите да одат во затвор, бараме на стоките од дпмне да им се каже каде им е местото,,, да се повлече црта и дури тогаш да почне трката.

#мафијанаробија #паритедагивратите

Владимир Кочовски
фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e