Не ни губете нови шест месеци!

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Кокаланов за Призма:

-По изјавата на премиерот Заев дека предвремените избори би значеле нови изгубени три до шест месеци за државава, таа тема практично би требало да е затворена. Ако СДСМ реши поинаку, а има информации дека сè повеќе натаму натежнува работата, се прашувам како тоа ќе ѝ го објаснат на јавноста, без да си пукаат во колено со изјавата на нивниот лидер.

Што ќе ни соопштат? Добар ден. Вака, ние веќе доцниме половина век, па решивме Македонија да изгуби уште пола година, зашто Мицковски така бараше… Или: драги граѓани, покажавте трпение 27 години, сега за шест месеци ли ќе цепидлачите… Или можеби: сакавме да сработиме нешто на реформски план, зашто во јуни треба да добиеме датум, ама датумот може да чека, а предвремени не сме имале одамна…

Предвремени избори се глупост! Не знам какви се анкетите што ви ги испорачуваат во седиштето, веројатно имате предност што мами, но овие балкански простори, па и нашите македонски искуства, покажуваат дека евроатлантската карта, меѓународните успеси се како тројка во табланет. Не се бројат на крајот. Малку повисока карта се демократските и медиумските слободи, да речеме седумка, но на крајот и таа не се брои.

Искрено, не верувам дека оние карти што се бројат, оние шарените, со сликичка, или двоцифрените, асовите, може да се извлечат од ракав на два месеца пред избори. Треба нешто темелно да се сработи, да се почувствува промена во животот на луѓето, да им се продолжи чергата за една педа, па потоа да се оди на избори.

Колумната на Сашо Кокаланов во целост прочитајте јаТУКА.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e