Најчевска: Зошто се уште мислам дека Уставниот суд застанува во одбрана на неправото

Зошто мислев и зошто се уште мислам дека Уставниот суд застанува во одбрана на неправото:

1. Уставниот суд не видел неуставност во одредбите на Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување од 2009 година цели 7 години

2. Меѓутоа, кога била поднесена иницијатива за оцена на уставноста на овој закон (на 24 фебруари 2016), што се совпаѓа со започнувањето на процеси против високи функционери во власта, тој (уставниот суд) од одма ја гледа неуставноста и донесува одлука во рок од три недели на 16 март 2016 (одеднаш, во неверојатно краток рок, без расправа, без собирање податоци, без анализа, без јавност)

3. Одлуката не содржи образложение зошто се укинува целиот закон

4. Во образложението кое го дава Уставниот суд нема ниту збор (ниту еден единствен збор) за тоа, зошто Уставниот суд мисли дека укинувањето на членот 11 (член кој бил укинат со Законот за изменување на Законот за помилување од 2009 година, а кој му давал на Претседателот можност без никаква постапка, критериуми, процедури, и, образложение да помилува колку што сака луѓе, кога сака и како сака) е спротивно на Уставот. Единствено место каде што се спомнуба членот 11 е реченицата:

5. На 12 април 2016 година Претседателот Иванов помилува голем број функционери во власта осомничени или обвинети за тешки прекршувања на законите

Заклучок:

– Постои јасен временски след од кој може да се извлече заклучок дека Уставниот суд донел многу наменска одлука со цел високи функционери во власта да ги заштити од кривично-правен прогон, односно, да овозможи нивно изземање од владеењето на правото

– Постои јасна индиција дека Уставниот суд направил процедурален преседан со цел овозможување голема група високи функционери во власта да бидат заштитени и изземени од кривично-правен прогон

– Видливо е и неспорно дека Уставниот суд без никакво образложение укинал одредби од Закон со цел заштита на високи функционери во власта од кривично-правен прогон

Ете тоа е проблемот.

Проблемот е во тоа што имаме Уставен суд кој по секоја цена ќе ги заштити високите функционери во власта од кривично-правен прогон и казнување.

И, за мене ова е највисок вид на корумпираност на судството која мора да биде спречена, а не почитувана.

ФБ Статус на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e