Од полноќ поевтин дизел за 4 денари

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата што ќе важат од полноќ. Намалување од четири денари има кај дизелот, а зголемување од пола денар кај Еуросупер БС-98, додека цената на Еуросупер БС-95 останува непроменета.
Се намалува и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство за 4,50 ден/литар, додека цената на Мазутот се зголемува за 0,248 ден/кг.

Со денешната одлука РКЕ врши намалување на нафтените деривати во просек за 1,78%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e