Најчевска: Супер. Само ме интересира која демократија ќе ја враќа Гајсер

Став на професорката Мирјана Најчевска како реакција на ФБ постот на италијанскиот новинар Ларис Гајсер кој најави дека ќе ја враќа демократијата во Македонија.

-Супер. Само ме интересира која демократија ќе ја врати.
Демократијата на Груевски, или на Љубче или на Бучко или на Црвенковски или на Кљусев или на Хари или …?
Како може да вратиш нешто што никогаш не сме го ни имале?
И ако може од фиока да извади и некоја од мафијашките акции на Груевски и бандата, навистина не би било лошо. Било која. Не сум пребирлива. Или не е платен за тоа.
И како сега овие снимки се во ред а оние за Али Ахмети не беа во ред па и кривични профрчеа?
Нешто по речникот и по напишаното многу на шлајмот на ВМРО ми заличе. Сигурно се лажам. А и ова со Сорос така некако на Орбан другарчето на Груевски влече. Сосема случајно нели?
И еве јас пак да си кажам, технократска влада составена од професионалци за да се постават темелите на демократијата која никогаш не сме ја имале и се надевам со огромна помош од Сорос и ЕУ, а Американците малку на страна да се држат за промена.
И да повторам, се уште мислам дека и најлошата владеачка структура на СДСМ е подобра од ВМРО-ДПМНЕ во било кој облик и состав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e