Најчевска: Каде е вработен синот на Силјановска?

Не сум сигурна дали ви е јасно какви функции има претседателот на државата според нашиот Устав?
Претседателот се меша и во законодавната и во судската власт и е дел од извршната власт.
Не смее да се дозволи идниот претседател да има било какви скелети затскриени во орманот.
Тоа подразбира дека од моментот на кандидирање па се до конечниот избор и после него ќе се копа и по минатото и по сегашност, ќе се тресе и испитува.
За да не не изненади како снег во зима кога ќе обезбеди бизнис на брачниот другар или неколку станови и бизнис на децата и по некој бенефит за роднините и чудни пријателства по светот и …
Кога станува збор за функција која може да има огромно влијание врз голем број луѓе и за квалитетите на човек кој може да ги загрози основните права на голем број луѓе јавниот интерес во голема мера го ограничува правото на приватност на тој човек.
Не станува збор за обичен граѓанин туку за човек кој ќе има имунитет кој го нема ниту еден граѓанин.
Не станува збор за професорката Гордана Силјановска туку за кандидат за претседател кој во вонредна или воена состојба може да ја концентрира целокупната власт во свои раце.
Има разлика од останатите граѓани, нели?
Заради тоа не смее да се забрани да се зборува и да се испитуваат сите можни влијанија кои може да ги трпи идниот претседател.
Ова е еден од фундусите на демократијата и време е да почнеме да ги разбираме тие работи.
Не треба да ги штитиме и штедиме кандидатите за претседател туку да ги откриеме сите нивни мани и слабости со цел да го избереме оној со најмалку мани и слабости.
И, се уште не разбрав каде е вработен синот на Силјановска?

Фејсбук статус на Мирјана Најчевска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e