Најчевска: Дали синот на Силјановска е член на управен одбор или не?!

„Супер. Секоја чест за мирот во душата и љубовта кон изворното. Ама мене се уште ме интересира дали е член на управен одбор или не.
Не знам зошто сите овие кои толку го милуваат не може да одговорат на едно вакво едноставно прашање. Да или Не?“ – повторно праша Мирјана Најчевска на својот ФБ профил споделувајќи ја веста на еден портал дека синот на Силјановска, кандидатката за претседател на државата, повторно свири на кавал во градскиот парк.

И пред извесно време Најчевска праша каде е вработен синот на Силјановска потенцирајќи:

„Не треба да ги штитиме и штедиме кандидатите за претседател туку да ги откриеме сите нивни мани и слабости со цел да го избереме оној со најмалку мани и слабости. И, се уште не разбрав каде е вработен синот на Силјановска?“ – напиша Најчевска порачувајќи дека не смее да се дозволи идниот претседател да има било какви скелети затскриени во орманот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e