Министерот Хасан пешачеше 7 часа за да се сретне со Атиџе

Министерот без ресор за привлекување странски инвестиции во македонската влада, Елвин Хасан денеска поминал 36 километри пеш за да се сретне со Хатиџе Муратова, главниот јунак од филмот „Медена замја“ кој нодамна доби две номинации за Оскар.
Десетиците километри не му претставуваа проблем на министерот и неговата придружба да ги изпешачат за да се видат со хероината од филмот која ги освои срцата ширум светот со својата животна приказна.
За овој несокојдневен потфат министерот Хасан на својата фејсбук страна напиша:

-Ја посетивме Хатиџе Муратова, протагонистот на македонскиот документарен филм “Медена земја”, која ги освои срцата на целиот свет со својата приказна и својата љубов кон природата и кон сите живи суштества. Пешачевме околу 36 километри (7часа) од с.Дорфулија до с.Бекирлија каде што живее хероината и каде беше снимен филмот. Низ филмот Хатиџе не учи на изгубените вредности, а гледаме и како алчноста на луѓето ја уништува земјата. Филмот достигна светски успеси, има добиено бројни награди и две номинации за Оскар. После нашиот разговор со неа увидовме дека покрај успехот на филмот скромноста, гостопримството и добрината на Хатиџе се неизмерни, напиша Хасан на својот ФБ профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e