Лазаревски: Дрисла, во времето кога со Скопје владееше вмро, беше дадена под концесија на италијанска фирма

Прашуваат многумина зошто дури сега се случи промената во Дрисла, а не порано.
Одговорот е: Дрисла, во времето кога со Скопје владееше вмро, беше дадена под концесија на италијанска фирма (директорот, поранешен градоначалник на Виница, претседател на ЗЕЛС, кандидат за претседател на конвенција на вмро… толку од италијанската фирма) која требала да инвестира во современ погон за преработка на отпадот, но не го направила тоа. Затоа Градот Скопје започна постапка на суд за поништување на тендерот за концесија. Судот наложи, со истите спецификации кои биле наведени во првичниот тендер, да се даде концесијата на второрангираната фирма. Градот почна постапка и тоа да се спроведе, но второрангираната фирма не презема активности во роковите кои важат. Затоа, Советот на Град Скопје, донесе одлука да се врати депонијата во првобитна сопственост т.е. на Градот.
Тогаш влегоа на сцена разни „експерти“ правници, кои ја оспорија можноста нешто да стане повторно јавно, ако веќе било приватизирано (или јавно приватно партнерство) што за мене лично е тотален нон сенс.
Како и да е, се направија измени во законот, се изгласа во Собрание и ете, вчера Дрисла повторно стана јавна сопственост.
Се потроши многу време и енергија, се трпеа удари, но конечно Дрисла е во владеење на граѓаните и за мене лично уште побитно, се отвори законска можност работи кои некогаш излегле од доменот на јавната (народна, на граѓаните) сопственост, повторно да се вратат.
Добива смисла слоганот чекор по чекор, само така може да се отстрани злото наследство на вмрото.

ФБ статус на Васко Лазаревски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e