Лазаревска: Дали вреди на ОК од криминогена партија да се одговори на никаквото соопштение во кое плука отрови?

Дали вреди на ОК од криминогена партија да се одговори на никаквото соопштение во кое плука отрови, користи страшно непристоен вокабулар , кажува невистини, дисквалификува и дрско лаже?!

Лично мислам НЕ затоа што ако тие го достигнале дното сами нека копаат подолу од него, а граѓаните ќе утврдат што значи да се живее во СЛОБОДА, ДЕМОКРАТИЈА и ПРОСПЕРИТЕТ, а што значи да се живее во ЗАРОБЕНА ДРЖАВА водена од ЗАРОБЕНИ УМОВИ НА ИЗБЕГАНИ АЗИЛАНТИ .

За Охрид и охриѓани тоа е сосема јасно затоа што во сиве години самостојност до сега ниту една власт со прст немаше мрднато, а се таложеа долгови, инфраструктурата не беше чепната, колекторскиот систем се распаѓаше…па мери им го умот .
Наместо да молчат и се скријат за нивната долгогодишна негрижа во минатото тие критикуваат нешто што денес секој може да го види и да му се радува.

Никогаш и никој како сега централната и локалната власт за Охрид и охриѓани се немаат грижено вака како оваа власт предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Тие нека си кажуваат невистини, а ние одиме на вистинскиот пат во кој нашата грижа за убав, просперитетен и УНЕСКО заштитен регион продолжува!

ФБ статус на пратеничката Жаклина Лазаревска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e