Коси: Медена земја. Горчлив народ…

За лошо, веќе сме навикнати да се делиме на табори. На патриоти и предавници. На лаици и експерти. На глупаци и сезнајковци…

Ама за арно? Наш документарец добил две историски номинации за Оскар, а ние очи си вадиме? Зошто? Секој има право филмот да му се допадне или да не му се допадне. Во ред е тоа. Секој има право да го критикува филмот, без оглед дали е експерт или филмски критичар или не е. Во ред е тоа.

Не е во ред што не научивме како се комуницира на културен начин, со почитување на мислењето на другиот, без навреди, клетви, пцовки, прљавштини во говорот.

Ни на убавото не умееме да му се израдуваме. Тоа за мене е најтажниот момент во целата приказна. Медена земја. Горчлив народ.
ФБ став на Калина Коси

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e