Конкурентска борба или „хокеарска замена“ во новото СЈО

Ви пренесуваме дел од анализата на Призма:

-Специјалното обвинителство ќе продолжи да постои како дел од Јавното обвинителство, но за најмногу две години е можно да се промени неговиот состав, и тоа во три фази. Ова го предвидуваат преодните и завршните одредби на предлог-законот за јавно обвинителство што го подготви Владата и го испрати до Собранието.

Со законот се предвидува дека Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани или што произлегуваат од незаконското следење на комуникациите се преименува во Специјално јавно обвинителство, и наместо посебна институција, како досега, станува орган во составот на Јавното обвинителство. Регулирано е и какви услови треба да исполнуваат оние обвинители што ќе сакаат да бидат дел од новото СЈО. Тие ќе се избираат со мандат од четири години и со право на еден повторен избор.

На сегашниот состав, кој ги отвори сите досегашни истраги и поднесе обвиненија, и кој ги води овие случаи, му е гарантирано местото во СЈО уште кратко време. Во точката 7 од членот 105 на новиот закон се вели дека обвинителите ќе продолжат да ја извршуваат оваа функција уште најмногу две години откако законот ќе стапи во сила, што значи дека по тој рок тие ќе треба да се изборат за нов мандат.

Целата анализа прочитајте ја на следниов ЛИНК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e