Која е оваа глупост да се чека до понеделник

Која е оваа глупост да се чека до понеделник. Кое измотавање. Луѓе осомничени за кривични дела ги заловуваа специјалци и со лисици ги спроведуваа во притвор, а осуден криминалец треба да го молиме да дојде на отслужување на казната затвор?

Па уште во викенд не работеле службите. Ма ајде бре не не правете будали на здрав мозок.

Што е, во викенд не се притвораат луѓе? Во викенд нема судии? Или во викенд може да се прават кривични дела?

Во Законот за извршување на санкциите станува збор за итна постапка и се употребува зборот веднаш и е предвидено користење на силите на МВР.

Зошто не се спроведува законот во овој случај?

И многу ме интересира, ако побегне надвор од државата Груевски и понатаму ќе биде пратеник? И по пошта ќе му ја праќаме платата?

Мирјана Најчевска – Фејсбук статус

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e