Кекеновски: Мицковски со дрско и безобразно барање од граѓаните

ДРСКО И БЕЗОБРАЗНО БАРАЊЕ ОД ГРАЃАНИТЕ.

Груевски бараше 61 пратеник за да не биде уценуван од ДУИ иако и откако ги доби постојано праваше непринципиелни отстапки кон нив само за да се одржи на власт.
Неговиот наследник Мицковски сега бара 80 пратеника за да го врател името!?. Истиот тој Мицковски кога се ,,продаваше” името немаше храброст и не сакаше да го повика народот да излезе на протести за да се стопира отпочнатата постапка во Собранието. Дополнително свесно одработи да се избере претседател на државата кој ја поддржа промената на името.
Сега му текна со нова безочна и дрска манипулација да бара од граѓаните да му дадат 80 пратеници за да го врател името. Цццццццццц ваква девалвација на сопствениот народ немам видено од ниту еден политичар досега.
По се изгледа дека овој Мицковски е убеден дека овој народ ,,пие” нафта наместо вода. Бетер бил од неговиот политички опонент ЗЗ и од неговиот ментор претходник.
ФБ статус на Јове Кекеновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e