Како е можно луѓето да не се радуваат на точна вест, а да полудуваат на лажна!?

Некој си прошол покрај Орце, го сликнал и си пишал на ФБ дека ќе се реновира. Првиот коментатор на постот пишал дека ќе го уништат, дека не знаат што прават и дека се некомпетентни. Другите немаат време за чекање и за барање на одговори, од сликите не се гледа дека архитектонското дело е уништувано, ама тоа не значи дека не можат да донесат заклучок дека отишло све у курац и дека нема враќање назад.

Од коментар на ФБ пост! Не е ни лажна вест ова!

Утре ќе дојдат од Асоцијација на Архитекти во Град Скопје да го видат проектот. Не е само Орце Николов дел од поважното архитектонското наследство на Скопје, туку и Никола Карев и средно медицинско. За сите е консултиран конзерваторски центар и сите ќе се реновираат без да се менува нивниот изглед и користени материјали. Стиропор нема да се става на натур бетон. Тоа го знаевме и без зналците да ни укажат на тоа, фала. Фала и за поентата дека не мора да биде барокна фасадата за да уништува културно наследство. Стварно, каква поента!

Денеска почнаа да се поставуваат буквите од пораката на Тито на зградата на Стара Железничка. Како е можно луѓето да не се радуваат на точна вест, а да полудуваат на лажна!?

Никола Наумовски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e