Јовановиќ: Стварно не е дојдено времето за прогресивен данок

И сега, со рамниов данок, менаџериве што земаат плати од по 200.000 евра месечно, пак ќе плаќаат вкупен данок од само 11% (10% данок на личен доход, и 1% придонеси, поради ограничувањето на придонесите).

За разлика од нив, работничките со плати од 200 евра, ќе си плаќаат данок од 33% (пошто за нив нема ограничување на придонесите).

А да го исполнеше владата тоа што го вети, да воведеше прогресивен данок и истовремено да го укинеше ограничувањето на придонесите за тие со високи плати, менаџериве ќе плаќаа вкупен данок од 40%.

Али добро, стварно не е дојдено времето за прогресивен данок. Стварно не е дојдено времето за политичари што ќе се грижат за работниците и сиромашните, наместо за богаташите.

 ФБ статус на Бранимир Јовановиќ 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e