Јовановиќ: СДСМ е државотворна партија која води сметка – преку Уставот – за сите малцински заедници

Героски вели, внимавајте, „СДСМ била исклучиво Македонска, а не можела да биде мултиетничка“. Зошто јас го исчитувам Заев правилно, искрено и политички ангажирано, а Героски тоа не може да го исчита? Па зборува човекот така како што му доликува на еден лидер: мултиетничноста, мултиконфесионалноста и мултикултуралноста се дефинарани во Уставот. Оттаму Заев денес го црпи својот легитимитет. А богами, од мултикултуралноста, мултиетничноста и мултиконфесионалноста – плус Запад – легитимитетот денес го црпи и партијата СДСМ.

Што значи дека Заев денес СДСМ ја дефинира како државотворна партија, и во некоја смисла таа денес е тоа. Партија која ги реши најважните национални прашања. Тоа може да го направи само државотворна партија која води сметка – преку Уставот – за сите малцински заедници.

Од друга страна, зошто Героски не поведе малку сметка за името на ВМРО-ДПМНЕ кое вели, покрај останатото: „ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија за Македонско национално единство“.

Во која пракса и во која теорија може да постои демократија која се залага за „Македонско национално единство“? Нема демократија тамо кајшто се залагате за „македонско национално единство“.

Кога се залагате имплицитно за етничко единство, тамо, пријатели, нема демократија, бидејќи ги исклучува сите останати малцински етникуми. Тоа ќе ви го каже секој оној што бил на часови по ОНО и ОТП. Не мора ниту да се чита посериозна литература.

ФБ статус на Ненад Јовановиќ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e