Јовановиќ: Оваа земја ,без борба не ја даваме на убијци, злосторници и криминалци

Обвинетите организатори во посредство на Груевски, сихронизирано работеле и ги отвориле вратите во Собранието, вели Русковска.

Па, зарем ни треба Русковска на толку наочиглед вистини? Па зарем ќе се правиме мутави, па зарем повторно ќе поминуваме низ исти вистини веќе видени, констатирани и потврдени.

Да, отворија врати за да убијат. Имаа јасен таргет, имаа јасни мети. Таргетот беше Зоран Заев.

Како бре не им е срам, како е возможно така „бестијално“ да се однесуваат ѝ да маршираат за правда, да маршираат истите оние кои правдата ја уништија, животите ни ги упропастија, за сега повторно, како некакви пирани, да се модифицираат во камелеони, велејќи ни, „жими мајка, не сме тоа ние, чесна пионерска“?

Од друга страна, мене најмногу ме интересира, а тоа е нивниот мотив. Зошто ги отворија вратите? Ги отворија за да убијат. Мотивот е убиство со предумисла. Зошто избега оној во Будемпешта? Затоа што е убиец, киднапер, злосторник.

Ќе се бориме до последен. Ќе направиме повторно граѓанска армија. Оваа земја, читајте ми ги усните: не ја даваме без борба! На убијци, злосторници и криминалци, оваа земја без борба не ја даваме.

Никогаш повеќе режим. Никогаш повеќе Груевски во сите негови лица и наличја. Никогаш повеќе страдање, болка и насилства.

Никогаш повеќе режим!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e