Иванов има шанса за вето на Преспанскиот договор

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Сашо Ордановски за ЦивилМедиа:

-Во оглед на практиката за арбитрарен и противуставен претседателски пристап на Ѓорге Иванов околу тоа кој легално усвоен закон сака да го потпише, а кој не, прашање е дали Законот за амнестија и формално ќе биде прогласен за важечки со потписот на Иванов?

Како што е познато, Законот не го поддржа неговата партија ВМРО-ДПМНЕ, а тој законски проект од амнестија ги исклучува токму оние кои, во своите одбрани, сведочеа дека токму од Иванов се имале извесни очекувања да прогласи вонредна состојба во државата во изведбата на обидот за државен удар на 27 април, лани. Таа приказна е уште под обвинителска истрага.

Ако, пак, реши да го потпише, Иванов, практично, го формализира, но станува и соучесник во пазарењето за финализирањето на Преспанскиот договор во Собранието – тој ист Договор, усвоен во истото Собрание, што Иванов и така одбива да го потпише – што ќе резултира со промена на Уставот и промена на името на државата. Тоа, пак, ќе ја поттурне Македонија по шнел-штрасе за членство во НАТО!

А сите знаеме што мисли Иванов за тој процес: побрзо самиот ќе се намачка со катран и, како прасе во помија, радосно ќе се испрепелка во пердуви, одошто би прифатил да биде историски идентификуван со „предавството“ што е во тек во Македонското собрание!

Колумнта на Сашо Ордновски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e