Глигоров: Одлучна акција на институциите за загадувањето

Претседателот Пендаровски да го свика Советот за безбедност и да прогласи вонредна состојба заради енормното загадување кое го спречува опстанокот на повеќе од пола од жителите во Македонија. Да се вклучат во ангажман војската, полицијата и сето тоа да се координира со кризен штаб на чие чело ќе биде Претседателот.

Оперативниот план да содржи поставување стражи од војници кај главните индустриски капацитети. Тие ќе проверуваат за евентуални сомнителни влезови и излези од капацитетите. Воедно, планот да содржи ангажман 24 часовни патролни единици на полицијата во реоните на потенцијалните помали загадувачи. Царината да има дополнителни контроли при увозот на разни материи. Они тоа го викаат на црвен канал – да бидат поголемите камиони, при што детално да се проверува содржината на истите како и документацијата.

Оваа состојба да трае 1 месец. За тоа време ресорното министерство да работи со други агенции и министерства за сеопфатен системски план. Планот да се базира на оперативни сознанија од Кризниот штаб.

Ако 30 денови воздухот е чист тогаш јасни се мерките што треба да се преземат за да имаме чиста средина и нормален воздух.

Ете тоа се очекува од фразата “Одлучна акција на институциите”. Може варијации на темата или доразработка на идејата но во основата треба да биде превенцијата да не доаѓа до нови загадувања. Да се докаже дека може државата да се справи со секакви закани. Се’ друго е млатење празна слама.

ФБ статус на Венко Глигоров

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e