Гагарин од Подржикоњ, кој се пали на ” Јачи смо од судбине”…

Гагарин од Подржикоњ

Оној Гагарин од Подржикоњ, кој се пали на ” Јачи смо од судбине” а се претставува како Градоначалник на “Карпош”, вообразил дека освен во криминал се разбира и во надворешна политика, па запнал со тврдењето дека Заев не смеел да потпишува меѓудржавни договори бидејќи “не победил на изборите”.
Човекот всушност квичи како “прасе пред колење” односно како градоначалник кој за неколку месеци веќе ќе ја нема таа фунција бидејќи коалицијата на Заев, кој “не победил на изборите” на 11 декември, во општината на овој “од гром шлакнат градоначалник” освои 21 592 гласа а коалицијата што него го кандидираше за градоначалник освои само 14 960 гласови.
И затоа се дере човекот и вика на сет глас а звучи како да лелека и да плаче над својата судбина.

Ѓорѓи Спасов

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e