Е мачна Атиџе, не дочека мајка ти да види дека ти и’ се ,,омажи”

Е мачна Атиџе, не дочека мајка ти да види дека ти и’ се ,,омажи”. Не за некого од Бекирлија, оти таму таков за тебе немаше, туку од Бекирлија директно за светот!
И ете, наместо некој си од Овче Поле, сега Холивуд и светот ти ја виде и куќата и љубовта и душата и маката. Ти на светот му ја испрати најголемата лекција – ,,Ако еден го прекрши Законот на природата, сите ја плаќаат цената!”

Среќно меден хероју, тебе и на екипата на твојата и наша Медена земја.
Пишувате историја!
ФБ статус на Мартин Каровски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ