Дојранлиева: Екс функционерот во егзил ќе го гониме до добивање станарско право во Идризово

Два дена му траеше радоста на Груевски. Ќе се обжали неговото ослободување од одговорност преку застарување на делото.
И, така да си знаеш, имаш уште 10 судски постапки против тебе како обвинет за кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластувања“. Побрзо ќе ти оседи косата, отколку што ќе куртулиш од одговорност, после иницијативата од експертската јавност за незастарување на кривични дела направени од функционер.
И екс функционерот во егзил ќе го гониме до добивање станарско право во Идризово.

Фб статус на Јованка Дојранлиева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ