Димитров: Не сме совршени, но изградивме силно досие и испорачавме

За да може да се продолжи да се говори за европската перспектива на Регионот, неопходно е постигнување на консензус за зелено светло за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија без одлагање, порача првиот дипломат на земјава Никола Димитров.

Март ќе биде тест и за геополитичките амбиции на новата Комисија и на самата ЕУ за кредибилно глобално влијание. Што се однесува до нас, не сме совршени, но сметам дека сите ќе се согласите дека изградивме силно досие и испорачавме.

Крајно време е и да се препознае важноста на моментот од страна на Европскиот совет и да се зграпчи шансата за заеднички успех. На Конференцијата на високо ниво посветена на европската перспектива на Западниот Балкан, денес во Солун, порача министертот за надворешни Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e