Дескоска: Јасно ми е дека штом дојде на дневен ред Законот за ЈО, почнуваат напади in personam кон мене

Христијан Мицковски се повикал на член 44 став 2 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси кој одредува забрана за вршење на две јавни функции и зборува за мојата сега веќе поврдена номинација за член на Венецијанската комисија. Повторно “неговите” правници го довеле во ситуација да изнесува погрешни ставови во јавноста. Прво, членство во Венецијанска комисија, членство во ГРЕКО и слично не се смета за вршење на јавна функција. Сите носители на јавна функција имаат обврска да поднесат анкетен лист до ДКСК. Исто така ДКСК води Регистар на јавни функционери и до сега никогаш ниеден член на Венецијанска или на ГРЕКО не бил ставен по тој основ во тој регистар, ниту поднел анкетен лист заради членството. Тоа може да Ви го потврдат сите претходни членови на Венецијанската комисија.
Мене ми е јасно дека штом дојде на дневен ред Законот за јавно обвинителство, почнуваат напади in personam кон мене. Свртете низ историјата на интернет пребарувачите и тоа ќе го видите. Тоа само покажува желба за дефокус на јавноста од тоа што навистина ги боли, а тоа е како да ги запрат сите постапки кои беа почнати од страна на СЈО.
И на крајот еден колегијален совет до г. Мицковски, како на колега од УКИМ: најдобри правници се добрите математичари кои завршиле правен факултет. Од друга страна само оние математичари кои имаат сеопфатно познавање од правото можат правилно да го протолкуваат. Толкувањата се правилни ако произлегуваат од сеопфатно читање на законите, а не само на ставот кој сакате да го протолкувате.

ФБ статус на Рената Дескоска

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e