Ципрас и Заев се искачија боси на Олимп

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ерол Ризаов за Независен:

-Современиците на голем историски настан многу често не можат да ги одредат димензиите на значењето на тој чин иако биле непосредни сведоци. Треба да помине извесно време, научниците тоа го нарекуваат историска дистанца, за да се види големината на промените што ги предизвикале таквите настани. Преспанскиот мировен договор меѓу Грција и Македонија е епицентарот на еден таков тектонски потрес на Балканот што ги урна блокадите и ги брише предрасудите и болните пластови таложени низ вековите во свеста на граѓаните. Тешко оди, ама се бришат.

Силината и храброста на двајца политичари, премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, да се зафатат со разрешување на тежок инцидент на историјата и да се искачат боси на Олимп ја почувствува и виде цела Европа, а ја поздрави светот. Останува тоа да го видат и противниците во двете земји чии сведоштва не се на страна на жртвите и тие што страдаа од досегашната погрешна политика на омраза, а уште помалку се на страна на тие што денес ја исправаат таа историја. Бараат власт како казна за творците на новата ера на односите меѓу првите соседи која означува мир, развој и почитување.

Колумната на Ерол Ризаов во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e