Богоевски: Како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото?

Кривичниот суд пресече дека не се исполнети условите за есктрадиција на Томор Морина, поранешен висок претставник на УЧК. Лицето кое се бара со меѓународна потерница на Интерпол, нема да им биде предадено на властите кои го бараат.

Да појаснам, во поглед на прашањето Србија/Косово, го поддржувам правото на самоопределување и независноста на Косово (став кој официјално го дели и нашата држава).

Но, како можеме да очекуваме некој друг да ни ги врати нашите побегнати криминалци, кога ние не го правиме истото?

Ова е погрешниот тип на политичко влијание врз судството. Се’ додека имаме високи владини претставници, вице-премиери и градоначалници кои однапред го наведуваат судството во која насока треба да одлучува – нема да имаме судство.

п.с. Пример за правилно политичко влијание врз судството е Закон за ветинг на судиите и задолжителна проверка на потекло на имот за сите судии и обвинители.

ФБ статус на Павле Богоевски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e