Богоевски: Длабок, НЕПАРТИСКИ рез и ветинг во сите нивоа на правосудството – од судските служби, се до Уставниот Суд

Утре, Уставниот Суд ќе расправа на колегиум по Иницијативата за оценување на уставноста на чл.353 ст.5 од КЗ на РМ. Доколку оваа иницијатива помине, тоа би ги уништило речиси сите останати предмети на СЈО.

Утре не би требало да се гласа, туку само да се расправа. Ама, би требало да имаме многу појасна слика за ставот на Судиите и опасноста по нашата борба.

Исто така, утре би требало и да се знае конечниот став на најголемите партии по ова прашање, кои ги поддржаа кандидатурите на различните Судии. Посебно индикативен е ставот на Судијата Осман Кадриу, кој во својата кандидатура беше поддржан од ДУИ и кој минатата седмица беше најгласен во поддршка на иницијативата.

п.с. Ова, заедно со последното бегство на поранешниот телохранител на Мијалков од викендов и денешното одложување на рочиштето против поранешниот Претседател на Кривичниот суд во Скопје Панчевски се повеќе од потребните аргументи за длабок, непартиски (повторувам, НЕПАРТИСКИ!) рез и ветинг во сите нивоа на правосудството – од судските служби, се до Уставниот Суд.

ФБ статус на Павле Богоевски 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ