Блажески: Некадри пишувачи за еден пијалок, арам нека ви се парите

Советникот од Охрид Дејан Блажески излезе со свој коментар и побара да не се пишуваат помпезни и невистинити текстови за земјотресите во Охрид.

Еве го ставот на Блажески:

„Чувствувам одговорност како дел од нормативната власт, да ги повикам дел од порталите кои со помпезни наслови објавуваат неточни податоци за земјотресот во Охрид, првенствено од аспект на неговата јачина.

Уште повеќе,кога објавуваат фотографии од разурнати места кои немаат никаква допирна точка со Охрид.

За жал, со тоа прават штета на мирот на граѓаните, на нивната финансиска состојба и на финансиската состојба на Буџетот на општина Охрид и Р.Македонија. Ѓраѓаните се вознемирени, што е нормално и очекувано, но да се пишува дека ќе се случи природна катастрофа од невиденеи размери е некоректно, непрофесионално, неиздржано и тенденциозно.

Долгот од вашиот непрофесионализам ќе го платиме сите, додека вие ќе уживате во провизиите од агeнциите кои нудат аранжмани во соседните земји. Сезоната почна. За почеток, повелете на отворањето на “Охридско Лето 2017”.

И да, некадри пишувачи во обид да бидете новинари, ајде малку напишете за турбо фолкот или не е баш така паметно да се чепкате со локалните шерифи?!

Долго сум во политиката и често ве имам гледано на коктелите, еден пијалок- еден текст. Душевното дно треба да се истражува деновиве, а не само тлото под градот…Арам пари, велеше еден сега веќе починат пријател од мојот татко“ напиша Блажески.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e