Бегство според Устав и закон

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Ѓорѓи Спасов за Независен:

-Откако помина викендот, кога доставувачите на покани за издржување казна на осудените лица не работат, многубројни телевизиски екипи и полицијата ја започнаа акцијата „Спроведување на осудениот Груевски во затвор“. Многубројната публика седната пред екраните гледаше како го бараат во неговиот дом од кој „излегол“, па по автомобилите кои влегуваа и излегуваа од седиштето на неговата партија, и известуваа до доцните часови од пред влезот на затворот во Шутка, како пред Божик или пред Велигден, дека „сè уште не пристигнал“, но дека „радосната вест“ може набргу да биде објавена.

И тамам кога сите веќе се загриживме да не му се случило нешто лошо, поранешниот премиер на Македонија и почесен претседател на најголемата опозициска партија ни испрати порака преку Фејсбук дека е здрав и жив и дека од пред неколку дена се наоѓа во убавата Будимпешта, во која има намера да престојува малку подолго и од каде што ќе продолжи да се бори за македонската кауза.

Не кажа нашиот омилен лик од серијата „Владеење на правото“ зошто така напразно заминал без поздрав, без да земе топла облека, и зошто не кажа барем да му се организира превозот како што треба, а не да се мачи, како што се шпекулира, да ја напушта земјата преку некои диви гранични премини, не дај боже како „бегалец од Сирија“. Но барем ја разбравме причината. Покрај шесте припадници на полицијата, кои беа платени од државата да внимаваат нешто да не му се случи на човекот по завршувањето на премиерскиот мандат во Македонија, тој изјави да во последните неколку дена пред да замине примал безброј закани по неговиот живот. И бидејќи веќе не се чувствувал безбедно во Македонија, а знаеме дека кај нас луѓе во затворите и во кофа вода „ги самоубиваат“ решил со тешко срце да ја напушти својата татковина и така Македонија да се соочи со уште еден заминат од земјата доктор на науки со што продолжува веќе познатиот „одлив на мозоци“.

На ваквата тажна вест за Македонија веднаш реагираше претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери. Тој рече дека, за жал, по ова ненадејно заминување на Груевски во Унгарија, нема да биде во можност неговото отсуство од седниците на Собранието, како досега, да го води како оправдано. Тој рече дека отсега Груевски ќе го смета за неоправдано отсутен и дека пратеничката плата во висина од над илјада евра што ќе му ја исплаќа редовно следните шест месеци на неговата кредитна картичка ќе мора да му ја намали за цели 5 отсто.

Колумната во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e