Арсовска бара повеќе зеленило, а за „Скопје 2014” нејзината партија уништи 74% од зеленилото во Центар

“Независната” кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје бара во главниот град да има повеќе зеленило наместо бетон.
Како? Молам ?!?
Верувале или не, тоа го бара кандидатката на партијата која за потребите на најкриминалниот проект во историјата на државата, нивниот “Скопје 2014” , беа уништи 74% од зеленилото во општина Центар.
Зарем кандидатката одеднаш, преку ноќ, заборави дека поради политиката на нејзината партија, во Скопје беа истурени кубици бетон и народни пари која самата не може да ги преброи.
Бидејќи “заборавила”, ќе ја потсетам дека беа низградени 28 барокни згради во износ од 430 милиони евра народни пари, 6 барокни катни гаражи за 57 милиони евра народни пари, барокни стиропор фасади за 43,5 милиони евра народни пари, 34 споменици за 33, 6 милиони евра народни пари, 5 плоштади за 32,2 милиони евра народни пари, панорамско тркало за 19,8 милиони евра народни пари, 2 подземни гаражи за 11,5 милиони евра народни пари, 4 мостови за 7,95 милиони евра народни пари, 39 скулптури за 6,5 милиони евра народни пари, порта за 6,3 милиони евра народни пари, 2 фонтани за 3,4 милиони евра народни пари.

ФБ статус на Андреј Жерновски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e