Ампева: Овие крвожедни суштества наречени извршители, милост немаат!

Треба волја, политичка, другари. Рековме укинување на извршителите, да си се вратат таму кај што беа. Уште од време на минатата влада им се дозволи да го уништуваат народот. Видовме за долг од 1 денар, стасале 12.000. Од 10.000 , станале 100.000. Не бараме анархија и не плаќање на долгови, за оние кои милуваат да кажат. Ама да се имаше усул, а овие крвожедни суштества наречени извршители, милост немаат!
Башка, колку дела застарени се против политичари? Адвокати ќе им плаќаме од нашиот буџет за рочишта кои траат некаде и по 10 години.
Застарување на долг, нема. Како така? За кого постои оваа држава , ако не за народот кој не знае да краде и лаже, туку ете, има потешкотии од апаши кои хараат со децении и кои не ги стига правда.
Вака, другари. Извршителите да си ги вратите од кај што беа испуштени пред неколку години.
Ѕверот во кафез, народот на слобода.
Додека не излегле работите надвор од контрола. Оти врие!

ФБ статус на Кристина Ампева

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e