Амнестија за референдум

Ви пренесуваме дел од најновата колумна на Горан Михајловски за СДК:

-Си седиш така во партиски штаб на дежурство и одеднаш некој ти вика – ај да одиме до Собрание. Ќе тепаме Шиптари. Ќе му ја скршиме главата на црпкото Заев. И така, на ураааа, тргаш да го освојуваш Собранието. Да ја браниш Македонија. Од Тиранската платформа. И да ја гарантираш унитарноста на државата. Според условите што Ѓорге Иванов ги измислуваше за да не му го даде мандатот за состав на Влада на мнозинството во Собранието.

И после година и три месеци, кога ќе те осудат на 13 години затвор за обид за убиство на пратеник, ќе се освестиш и ќе плачеш: „Готово, ми отиде мене животот“.

Не знам дали овие осудените за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села при нападот на Собранието не сакаат да ги кажат наредбодавачите за нападот, оти го почитуваат мафијашкиот завет за молчење омерта. Или стварно не знаат кого да кажат за да се спасат.

Ама, обидот за убиство на Села е само едно делче од организираниот напад на Собранието. И штотуку осудените за обид за убиство на само еден пратеник се само мал дел од многуте, што на 27 април 2017 година влегоа во Собранието со намера да убиваат.

Така што, ако овие што не ги знаат нарачателите добија по десет и пол и по тринаесет и пол години затвор, колку ли ќе добијат организаторите на нападот? И колку ли ќе добијат тие што ја нарачале организацијата на нападот?

Што си мисли сега, на пример Митко Чавков, кој таа вечер се слушал неколку пати со Никола Груевски од Виена? А бил недостапен за министерот за внатрешни работи Агим Нухиу. И што ли си мислат сега организаторите на протестите што три месеци рецитираа поезија, пееја песни и фрлаа клетви пред Собранието?

Претседателот Ѓорге Иванов знаеме што мисли.

Колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e