Од септемвери 2017, минималната плата во Македонија ќе изнесува 12.000 денари…
Тоа значи дека дури 130 ИЛЈАДИ ВРАБОТЕНИ ЌЕ ИМААТ ПОГОЛЕМИ ПЛАТИ отколку досега…
130.000 вработени = 20% од вкупниот број вработени!
Е сега, за да се случи тоа, мораше и да се жртвува нешто… На пример, нема веќе на CNN да течат реклами кои што ќе покажат дека македонската влада е многу успешна…
Инаку, во првите шест месеци Владата на РМ комплетно ќе ги покрие (со 9 мил. евра) разликите од сегашните плати до новата минимална плата… Потоа следува период од нови шест месеци во кои што Владата ќе субвенционира 50% од парите, а по истекот на 12 месеци обврската паѓа на товар на компаниите… Стопанските комори се информирани за овие промени!
Ацо Лукароски