11 години по ред, партијата на Мицкоски именуваше директори на „Еурокомпозит“, кои зад себе оставија долг од 5 милиони евра

Единаесет години по ред, партијата на Мицкоски именуваше директори на „Еурокомпозит“, кои на заминување зад себе оставија долг од 5 милиони евра. Еден од тие директори, да се потсетиме, си отвори канцеларија во Скопје, си вработи и лична секретарка, па во фабриката во Прилеп доаѓаше секоја престапна година… колку да го видат вработените дека е жив.
За тоа време, синдикатот организираше неколку алиби протести без никаков ефект, од причина што дел од синдикалците беа ортаци со директорите.
И сега, оние кои го уништија „Еурокомпозит“, велат оти за фабриката имале „одржливо решение“. Чиста перверзија!

ФБ статус на Зоран Милошески 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e