Зидан пред оставка

Трофејниот тренер на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Французинот Зинедин Зидан е на еден чекор пред оставка. Оваа изненадувачка информација ја обелоденува шпанскиот новинар Диего Торес во разговор за британски „Индепендент“. Зидан размислува за ваков потег, бидејќи не успеал да го ангажира неговиот сонародник Пол Погба од редовите Манчестер јунајтед.

– Погба го доведе Зидан пред оставка. Лично му ветил на Погба дека ќе го пресели во Мадрид и тоа не го исполни. Овој нереализиран трансфер ги разниша односите и меѓу Зидан и претседателот Флорентино Перез, соопшти Торес.

Зидан ова лето доведе само едно големо име – Еден Азар. Преодниот рок во Шпанија завршува на 2 септември па дотогаш може нешто да се смени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e