Концертот на светската музичка ѕвезда Дејвид Гета во Скопје поминал без посериозни безбедносни инциденти, информира Министерството за внатрешни работи.
Според податоците на МВР, во текот на настанот биле евидентирани две нарушувања на јавниот ред и мир, по што полициските службеници привеле вкупно пет лица.
Од безбедносен аспект, полицијата го оценува концертот како исклучително мирен. Не биле регистрирани поголеми проблеми ниту во обезбедувањето на Арената „Тоше Проески“, ниту во одвивањето на сообраќајот во околината.
И покрај големиот број посетители, движењето на публиката пред почетокот и по завршувањето на концертот се одвивало без поголеми застои.
МВР оценува дека целокупниот настан минал во мирна и безбедна атмосфера, без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир.
