Живко Мукаетов добива уште еден мандат на чело на РФМ

Македонската ракометна федерација ќе го организира Изборното Собрание за избор на претседател.

Живко Мукаетов ќе продолжи да раководи со Ракометната Федерација на Македонија и во наредните четири години, откако актуелниот претседател ја доби поддршката на сите клубови и ракометни здруженија во пресрет на Изборното собрание што ќе се одржи в недела во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Изборното Собрание е закажано за 31 јануари, поточно оваа седмица во хотелот Александар Палас со почеток во 12 часот. Сите делегати од машките и женските клубови застанаа зад Мукаетов, па се очекува негов реизбор за прв човек на федерацијата за уште еден мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e