Жиру: Французин или Модриќ треба да ја освои „Златната топка“

Напаѓачот на Челзи и на француската репрезентација, Оливие Жиру веќе има јасно мислење кој треба да биде новиот носител на „Златната топка“ за 2018-та година.

– „Златната топка“ треба да биде доделена оваа година или на некој Французин, или на Лука Модриќ. Знам за кого би гласал јас од нашиот тим, ако имам право, но нема да ви кажам, откри Жиру пред „Ле Паризиен“.

Во сезоната 2017/2018, Кристијано Роналдо го изведе Реал Мадрид до третата освоена Лига на Шампионите, но на Светското првенство, Португалија не се претстави најдобро. Лука Модриќ исто така има сериозен придонес за освоената ЛШ, но пак ја одведе Хрватска и до финалето на Светското првенство.

Работите почнуваат да одат во корист на Модриќ, откако пред неколку недели УЕФА го одреди за најдобар играч на минатата сезона во Европа.

Роналдо пак беше носител на престижната награда минатата година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e