Загина најпочитуваната жена во Формула 1

Антонија Терзи (50), инженерка која одигра огромна улога во титулите што ги освои Михаел Шумахер во 2000 и 2001 година, загина во сообраќајна несреќа во Велика Британија. Италијанката со години работеше во мотоспортот и беше една од првите жени на лидерските позиции во Формула 1.

Терзи е родена во околината на Модена и пораснала недалеку од фабриката на Ферари. По завршувањето на студиите по аеродинамика во Англија, се вработила во познатиот италијански тим како дел од инженерскиот тим. Таа брзо стигнала до врвот, а одигра голма улога во титулите што ги освои Шумахер во 2000 и 2001 година.
По заминувањето од „Формула“, Терзи работела за „Бентли“ и ги пренесувала своите знаења на многу универзитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e