Во Струмица предадено во употреба фудбалско игралиште со вештачка трева

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија и градоначалникот Коста Јаневски денеска со пресечување на свечена лента го предадоа во употреба новото фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица.

Изградбата чини 280 илјади евра, обезбедени од „Хет трик III програмата” на УЕФА, од страна на Фудбалската федерација на Македонија. Oпштина Струмица ги обезбеди локацијата, проектот и одобрението за градба и со учество на ФК „Академија Пандев”.

-Денешниов ден ми е посебно драг, затоа што спортската инфраструктура, по новата спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров” и мултифункционалното игралиште во четвртата урбана заедница, ја збогативме со уште еден спортски терен, а тоа е новото фудбалско игралиште со вештачка трева, рече градоначалникот Јаневски.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини истакна дека за нив се исклучителни деновите кога се отвараат стадиони и се подобрува инфраструткурата во целата држава.

-Особено ми е чест и гордост што денеска се наоѓам во Струмица, во градот од којшто има произлезено многу наши репрезентативци, кои денеска нас не претставуваат, рече Сејдини.

Додаде дека во моментот ФФМ има донесено одлука за реконструирање на ист таков стадион во Ѓорче Петров, а за други игралишта со вештачка трева во тек е постапката за повеќе игралишта, од кои тоа во Чаир е завршено, а во Охрид и во Кавадарци се во завршна фаза.

На новинарско прашање што очекува на еден месец пред дебитантскиот настап на фудбалската репрезентација на Европското првенство, Сејдини со одговор.

-Јас секогаш сум кажувал и ќе кажам-не гледам со кого играме. Јас имам доверба во нашите фубалери. Имам верба во Пандев, имам верба во Барди, Елмас и сите други фудбалери кои не претставуваат, одговори Сејдини.

Новото фудбалско игралиште ќе го користат сите фудбасли клубови од Општина Струмица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e