(Видео) Квалификации за СП 2018: Меси и Нејмар донесоа победи

Лионел Меси ги одигра сите 90 минути за Аргентина и покрај тоа што пред натпреварот се жалеше на повреда. Тој го постигна и единствениот погодок со кој „гаучосите“ дојдоа до три бода и се искачија на врвот на табелата во квалификациите во Јужна Америка за учество на СП.

Нејмар, пак, продолжи во формата што ја демонстрираше за време на Олимписките игри и ја отвори гол-серијата која ја продолжи Жесус Габриел за победа од 3:0 кај Еквадор, кој со овој пораз ја напушти првата позиција.

Изненади поразот на Чиле кај Парагвај, па сега има интересна ситуација во која во четири бода се наоѓаат дури седум репрезентации.

Резултати од 7 коло:

Боливија – Перу 2 : 0

Колумбија – Венецуела 2 : 0

Еквадор – Бразил 0 : 3

Аргентина – Уругвај 1 : 0

Парагвај – Чиле 2 : 1

Табела: 1. Аргентина 14 бода (+3); 2. Уругвај 13 (+7); 3. Колумбија 13 (+3); 4. Еквадор 13 (+2)…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e