(ВИДЕО) Али расположен за реализација, Тотенхем ја прекина неверојатната серија на Челси

Тотенхем го победи Челси со 2:0 во дербито на англиската Премиер лига и на тој начин ја прекина неверојатната серија на лондонските „сини“ под водство на Антонио Конте.

Челси имаше 13 победи по ред во Премиер лигата, но крај на серијата и стави тандемот Ериксен-Али откако по многу сличен рецепт првиот асистираше, а вториот реализираше по еден гол во двете полувремиња. Со тоа тимот на Конте не успеа да го израмни постигнувањето на Арсенал од 14 победи по ред, што е апсолутен рекорд во ПЛ.

Судиското надополнување во првиот дел и 54. минута беа кобни за гостите на лондонското дерби, а Челси овојпат немаше решение ниту во нападот каде не успеа да реализира ниту еднаш.

По овој пораз, Челси останува на првото место со пет бода повеќе од Ливерпул и седум повеќе од Тотенхем и Манчестер Сити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e