Најголемиот успех во клупската историја и воопшто на македонскиот машки ракомет, денеска го постигнаа ракометарите на Вардар.
Македонскиот шампион Вардар е нов европски првак во ракомет, откако го совлада ПСЖ со 23-24 (12-11).
Најкорисен играч во македонската екипа беше голманот Арпад Штербик, кој го заврши финалето со 11 интервенции.
Славјето на македонскиот шампион го донесе Иван Чупиќ со гол во последната секунда.