Валиева блесна на сцена, па бликна во солзи

Русинката Камила Валиева го освои првото место во кратката програма во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг.

Таа до првото место стигна со освоени 82,16 поени.

Втората позиција ја зазеде втората Русинка, Ана Шербакова со 80,20 поени, додека трета беше Јапонката Каори Сакамото (79,84).

Секако, најголемо внимание привлече младата Валиева која за само неколку дена од најголема ѕвезда на ЗОИ, стана најпознатата допинг приказна во Пекинг.
Затоа и не е чудно што на крајот од натпреварувањето таа не можеше да запре слозите, очигледно заради сите проблеми низ кои мораше да помине во последните неколку дена.

Валиева натпреварувањето го завршува во четврток со настап во слободен стил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e