УЕФА ја казни Црвена ѕвезда за навредите кон Ибрахимовиќ

Суспензија од еден натпревар на домашен терен без присуство на публика и парична казна во износ од 30.000 евра изрече денеска Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) за српскиот шампион Црвена ѕвезда поради инцидентот за време на натпреварот против Милан во рамки на Лига Европа.

Казната доаѓа поради навредите на расна основа што му беа упатени на напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, од новинарската ложа на стадионот „Рајко Митиќ“ во Белград на 18 февруари, за време на првиот шеснаесетфинален натпревар во Лига Европа што заврши без победник 2;2.

Црвена ѕвезда ќе мора следниот европски натпревар на домашен терен да го игра со слоганот „Не на расизмот (“#NoToRacism“) со логото на УЕФА, а доколку српскиот шампион повтори сличен инцидент во период од една година ќе мора да одигра уште еден натпревар без присуство на публика.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e