Учесниците на Олимписките игри ќе спијат на „анти-секс“ кревети

Олимпиското село во Токио оваа година ќе биде поразлично од било кое на едни Олимписките игри, не само поради ригорозните мерки кои ќе мора да ги почитуваат сите учесници на игрите, туку и поради необичните кревети кои сега ги изработија Јапонците.

Претстојната летна Олимпијада ќе се одржи во ситуација кога има вонредна состојба во Токио поради коронавирусот и мерките за заштита од вирусот ќе бидат на највисоко ниво, па токму поради тоа, на настаните нема да има ниту присуство на публика.

Иако Олимписките игри минатата година се одложија со цел оваа година да гледаме турнири и настапи со голем број на гледачи, тоа дефинитивно нема да се случи, а последните вести кои пристигнуваат од Азија ни откриваат дека организаторите преземале и превентивни мерки со цел да се спречи мешање во собите.

Предвидените соби во олимпиското село ќе бидат опремени со специјални кревети кои се изработени од картони, со јасна цел да не дојде до собирање и да се задржи дистанцата меѓу учесниците. Одлуката за поставување на овие уникатни кревети кои можат да издржат само едно лице се одобрени од меѓународниот олимписки одбор, а бидејќи во позадина се крие и целта да бидат избегнати сексуални активности, спортистите кои ќе учествуваат на Олимпијадата веќе им дадоа имиња на новите легла.

Новите „антисекс-кревети“ брзо станаа вирални на социјалните мрежи, а еден од првите кои шеговито го искоментираа овој потег на организаторот е американскиот олимпиец, Пол Челимо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e