Tричковски: Се надевам дека сите ќе го сфатиме максимално сериозно мечот со Естонија

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Иван Тричковски пред дуелот со Естонија во Лигата на нациите се надева дека сите фудбалери ќе го сфатат максимално сериозно мечот во Талин и дека ќе одиграат на високо ниво.

– Фокусот ни е насочен кон нашиот тим, иако го сметаме за многу сериозен составот на Естонија. Важно е да бидеме на високо ниво, иако доаѓаме по исклучително важниот натпревар против Косово во кој го постигнавме тоа што го сакавме. Утре е нов натпревар и се подготвуваме да го добиеме. Се надевам дека сите ќе го сфатиме максимално сериозно и ќе одиграме на наше, високо ниво, изјави Тричковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e